• Friday, 27 September 2024

Уапсени криумчари и откриени мигранти по потера во центарот на Атина

Уапсени криумчари и откриени мигранти по потера во центарот на Атина

Атина, 17 септември 2024 (МИА) – При потера во центарот на Атина, грчката полиција, во автомобил открила седум мигранти и уапсил двајца криумчари, а при дополнителен претрес на стан, биле откриени уште 11 нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција утрово соопштија дека во неделата при патрола, полицајци го застанале автомобилот поради сомнително големиот број лица во возилото, а возачот наместо да застане ја зголемил брзината во обид да побегне, по што следела потера.

Откако возилото било запрено, биле откриени четворица мажи и три жени од Непал, а дополнително бил откриен и стан на криумчарите во кој биле пронајдени 11 мигранти.

Од истрагата произлегло дека двајцата уапсени криумчари, 47-годишен странски државјанин и 45-годишна Гркинка, мигрантите ги презеле од место во близина на границата со Бугарија со цел да ги пренесат во Атина, за што секој од мигрантите платил меѓу 500 и 1.000 евра. ср/ми/

Фото: Грчка полиција