• Saturday, 28 September 2024

Се реконструира старата водоводна мрежа во штипската населба Стар Конак

Се реконструира старата водоводна мрежа во штипската населба Стар Конак

Штип, 27 септември 2024 (МИА) - Почна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Иво Лола Рибар“ во штипска населба Стар Конак. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција изјави дека проектот опфаќа целосна реконструкција на улицата, бидејќи со годините била уништена, заради честите прекопи од страна на Јавното претпријатие (ЈП) „Исар“-Штип.

-Низ годините наназад ЈП „Исар“-Штип ги изведувало прекопите за санација на старата водоводна мрежа. Повеќе од 50 години старата линија ќе биде исфрлена од употреба. Наредните денови ќе се работи на новите приклучоци. Во име на тоа замолувам за трпение на жителите од оваа улица, затоа што се работи за специфична конфигурација на теренот, тешко проодна улица, вели Јорданов.

Тој повика жителите од оваа населба, но и граѓаните кои транзитираат низ централното градско подрачје, да бидат трпеливи, бидејќи станува збор за проект, кој опфаќа целосна реконструкција на подземната инсталација. Јорданов на денешната прес-конференција најави дека наредните денови ќе се врши реконструкција на поздемната инфраструктура на улиците во населбите Автокоманда и Леваци. вдј/дма/

Фото: МИА