• Friday, 27 September 2024

РК Еурофарм Пелистер вечер против Динамо во Букурешт

РК Еурофарм Пелистер вечер против Динамо во Букурешт

Букурешт, 26 септември 2024 (МИА) - Македонскиот ракометен шампион Еурофам Пелистер вечер од 18:45 часот во Букурешт ќе ги одмери силите со романскиот првак Динамо.

Битолчани претпладнево во спортската сала „Поливалент“ го одржаа последниот тренинг пред натпреварот во кој очекуваат успешна презентација на македонскиот ракомет.

-Динамо е силен тим. Се подготвувавме чекор по чекор и против познатите интернационалци кои сега настапуваат во Букурешт очекуваме успешно да им парираме. Тие играат современ ракомет, но и ние во европската лига на шампионите, истакна ракометарот Павле Атанасијевиќ во пресрет на вечерашниот дуел.

Во првите две кола романските ракометари  се со две победи, додека битолчани сеуште не освоиле европски бодови. мт/

Фото: РК Еурофарм Пелистер