• Friday, 27 September 2024

Пјаниќ потпиша за московска ЦСКА

Пјаниќ потпиша за московска ЦСКА

 

Москва, 26 септември 2024 (МИА) – Босанскиот играч за врска Миралем Пјаниќ потпиша денеска договор со рускиот фудбалски гигант ЦСКА Москва.

Триестичетиригодишниот Пјаниќ стави потпис на едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.

Во својата кариера на клупско ниво Пјаниќ досега настапуваше за француските Мец и Олимпик Лион, за шпанска Барселона, за турскиот Бешикташ и за италијанските Рома и Јувентус, со кои е четирикратен шампион во Калчото.

Последен клуб на играчот од средниот ред беше Шарја од Обединетите Арапски Емирати.

Пјаниќ во мај објави крај на кариерата со репрезентацијата на Босна и Херцеговина по 115 настапи и 17 постигнати голови/ ег

ФОТО: Фејсбук