• Thursday, 26 September 2024

ПМФЛ: Гостивар нов лидер

ПМФЛ: Гостивар нов лидер

 

Скопје, 25 септември 2024 (МИА) – Гостивар се искачи на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево во дербито на 7 коло ја совлада Шкендија со 3-1.

Без победник завршија натпреварите Брера Струмица – Тиквеш (0-0), Пелистер – Работнички (0-0), Шкупи – Беса (1-1) и Воска – Струга (1-1).

Колото ќе биде комплетирано вечерва по одигрување на дуелот меѓу Вардар и Силекс.

Табела: Гостивар 15, Шкендија 14, Работнички 13, Струга 11, Силекс 9, Шкупи 9, Пелистер 9, Брера 8, Вардар 7, Беса 5, Тиквеш 5, Воска 5. ег

ФОТО: ФФМ