• Tuesday, 24 September 2024

Надал вклучен во репрезентацијата на Шпанија за плејофот на Дејвис купот

Надал вклучен во репрезентацијата на Шпанија за плејофот на Дејвис купот

Мадрид, 24 септември 2024 (МИА) - Дејвис купот ги објави составите на репрезентациите кои ќе играат во завршниот дел од турнирот.

Плејофот ќе се одржи од 19 до 24 ноември во Малага.

Во составот на репрезентацијата домаќин се наоѓаат: Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Роберто Баутиста Агут, Пабло Карено Буста и Марсел Гранољерс.

Надал нема играно меч од Олимписките игри во Париз. зс/

Фото: ЕПА