• Friday, 27 September 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

27 септември 2024 

Охрид  - Претседателот на Владата на Унгарија, Виктор Орбан во официјална посета на земјава:

              - Тет а тет средба со премиерот Христијан Мицкоски. (премиерска вила/ 08:45)

              - Заедничка меѓувладина седница. (хотел Инекс Олгица/ 10:00)

              - Прес-конференција на двајцата премиер. (хотел Инекс Олгица/ 12:15)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)

Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија. (Сала 4/13:30)

Скопје - Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” - Скопје ќе одржат панел-дискусија на тема „Европската иднина на регионот и надворешните државни актери“. (Министерство за надворешни работи, голем амфитеатар/12:00)

Скопје - Панел-дискусија насловена „Зошто граѓанска наука во образованието?“ во организација на Здружението на граѓани „Еко логик“. (Клуб на новинари/10:00)

Скопје - По повод 28 септември - Меѓународниот ден за слободен пристап до информации, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, во соработка со Меѓународниот републикански институт (ИРИ), ќе го промовира новиот Водич за активна транспарентност на политичките партии во Република Северна Македонија. (простории на Агенцијата, зграда на МРТВ, 14 кат/13:00)

Скопје - Македонско - турски инвестициски и трговски форум во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија. (Меѓународен Балкански Универзитет , сала за состаноци/14:00)

Охрид - Меѓународна научна конференција за услужен сектор во организација на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид. (Факултет за туризам и угостителство, амфитеатар/9:30)

Куманово - Состанок на претставници од науката и бизнисот во организација на Здружението за развој на земјоделството и заштита на животната средина. (Сала на Советот на Општина Куманово/10:00) 

Куманово - Меѓународни саеми „Органска трпеза “ и „АgroМak“. (Спортско-рекреативен комплекс/9:00)

Скопје - Свечена академија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците во организација на Бошњачки национален совет. (Куршумли Ан - Стара скопска чаршија/19:00)

 Скопје - Одбележување на петгодишнината на Здружението СОС Вита. (р.New STAR/19:00)

Скопје - Прес-конференција по повод претстојниот фестивал РУТА 2024 година на Драмски театар. (Драмски театар/11:00)

Битола - Прес-конференција на ИФФК „Браќа Манаки““ со Владимир Самоиловски и тимот за филмот „Убиј ги прво децата“. (Офицерски дом/10:00), предавање во чест на кинематограферот Свен Никвист. (Кино Манаки/11:15) и церемонија на свечено затворање на фестивалот. (Центар за култура/20:00)

Скопје - Проекција на филмот „Пченично зрно“ и панел дискусија со пратеникот на Големото национално Собрание на Турција  од АК Партијата, Серкан Бајрам. (Турски културен центар Јунус Емре/18:00)

Скопје - Промоција на стихозбирката „Модра мрежа“ од Марина Икономова Шокева. (Кафе книжарница „Буква“/19:30)

Скопје - Отворање на изложбата „За Македонија со пушка, перо и објектив“. (Музеј на Македонската борба за самостојност/12:00)

Скопје - Прес-конференција по повод концертот на „Дивље Јагоде“. (Плоштад „Македонија“, кафеана „Пелистер“/11:00)

Скопје - Трето издание на Маалски фестивал 3.0 - „Културата како јавно добро“ со повеќе активности. (Парк на франкофонијата/10:00)

Скопје - Фестивал за урбана и алтернативна култура во организација на Општина Гази Баба. (Дом на културата „Димитар Влахов“, Автокоманда/18.00)

Скопје - Фестивал „Звукот на Скопје“. (Кул парк пред КИЦ/21:00,  Салон 19:19/20:00 и галериите на КИЦ, Империјал I, Империјал II и Продажен салон/20:00)

Скопје - Изведба на современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев. (Национална опера и балет/20:00)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***