• Friday, 27 September 2024

Кави Ленард нема долго да паузира по операцијата на коленото

Кави Ленард нема долго да паузира по операцијата на коленото

Лос Анџелес, 25 септември 2024 (МИА) – Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес клиперс, Кави Леонард беше опериран на коленото, објави Шамс Чаранија од „Атлетик“.

Временската рамка за закрепнување на Ленард не е позната, но од клубот се оптимисти дега нема долго да биде надвор од терените.

Се очекува 33-годишниот Американец да оди на претсезонски тренинзи според индивидуална програма.

Леонард е во Клиперс од 2019 година. Во сезоната 2023/24, учествуваше на 68 натпревари, со просек од 23,7 поени, 6,1 скока и 3,6 асистенции по натпревар. зс/

Фото: ЕПА