• Saturday, 28 September 2024

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

ВМРО-НП: Наместо исполнување на договорените обврски со ЕУ, Владата со нови проблеми пробува да го „откочи“ веќе закочениот процес

Скопје, 27 септември 2024

Како што и се очекуваше, Македонија го доживеа најголемиот пораз од времето кога прва во регионот како најуспешна држава во својот
развој го отпочна процесот на приклучување кон европското семејство.

Да потсетиме дека Република Македонија уште во 2001 година прва го потпиша договорот за стабилизација и асоцијација со Европската
унија која го навести патот кон кој доколку го задржеше приматот на најразвиена држава во Западен Балкан на наредниот самит ќе ги
отворевме првите кластери на преговорите со ЕУ.

Освен што од моментов на Северна Македонија и претстои многу тежок период, загрижуваат и пораките на премиерот Мицковски во
кој самиот упатува порака со „не благодарам“ кон Европската унија на коментарот дека за отпочнување на преговорите со С.
Македонија е потребно почитување на одредбите од преговарачката рамка уредени со договор токму помеѓу Северна Македонија и Европската унија, а не како што велат од Владата, со Република Бугарија.

Наместо уште веднаш да се отпочне со процес на помирување и исполнување на договорените обврски помеѓу Северна Македонија
и Европската унија и што побрзо отворање на првите кластери за отпочнување на преговорите, Владата со нови проблеми пробува да
го „откочи“ веќе закочениот процес без притоа да реагира на последиците кои денешните генерации најмногу ќе ги почувствуваат на своја кожа.

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки