• Friday, 27 September 2024

Бјелица на клупата на загрепски Динамо

Бјелица на клупата на загрепски Динамо


Загреб, 26 септември 2024 (МИА) – Актуелниот хрватски фудбалски шампион денеска за нов тренер го назначи Ненад Бјелица.
Локалните медиуми објавија дека хрватскиот стратег го решил односот со Унион Берлин со кој беше под договор до следното лето и во продолжение на сезоната ќе го предводи Динамо.
Бјелица доаѓа на местото на Сергеј Јакировиќ, кому неодамна му беше врачен отказ по катастрофалниот пораз од Баерн во Минхен д 9-2 во воведното коло во Лигата на шампиони.
Бјелица го водеше Динамо од мај 2018 до април 2020, а потоа беше тренер на Осиек, Трабзонспор и Унион Берлин, каде доби отказ во мај годинава.

Динамо, во чиј редови настапуваат поранешните македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, е третопласиран на табелата во хрватското првентство по седум одиграни кола. ег

ФОТО: Фејсбук