• Friday, 27 September 2024

Авторот на химната на СП2010 обвинет за сексуален напад

Авторот на химната на СП2010 обвинет за сексуален напад


Отава, 27 септември 2024 (МИА) – Канадскиот рапер К’нан (47), чија песна „Wavin‘ Flag“ стана химна на Светското фудбалско првенство во 2010 година во Јужна Африка, е обвинет за сексуален напад што наводно го извршил во Квебек Сити во 2010 година, објави канадската телевизија Си-Би-Си.
Цитирајќи ги судските документи, медиумот објави дека пејачот, чие вистинско име е Кеинан Абди Варсаме, наводно сексуално нападнал жена во јули истата година. Жртвата тогаш имала дваесетина години.
Според портпаролот на полицијата во Квебек, Абди Варсаме бил уапсен во понеделникот, меѓутоа, еден ден подоцна ја доби наградата „Културно влијание“ од Канадското друштво на композитори, автори и музички издавачи во Торонто.
Прелиминарната истрага е закажана за 23 април 2025 година. ег

ФОТО: Фејсбук