Се санираат штетите од силниот ветер во Битола
- Со екипи на локалните јавни претпријатија и пожарникари од ТППЕ-Битола, Коњановски посочи јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, да извршат санација на местата каде е предизвикана штета.
Битола, 22 ноември 2024 (МИА) - Градоначалникот Тони Коњановски изврши увид на локации во Битола каде попладнево силниот ветер предизвика проблеми и вознемирување кај битолчани.
Со екипи на локалните јавни претпријатија и пожарникари од ТППЕ-Битола, Коњановски посочи јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, да извршат санација на местата каде е предизвикана штета.
- Екипите дејствуваат координирано и ќе останат на терен се до расчистување на сите локации, соопштија од Општина Битола. мт/лв/
Фото: Општина Битола