МИА Најави МКД
- 23 ноември 2024
МИА Најави МКД
23 ноември 2024
Скопје – Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (сала „Борис Трајковски“/ 12:00)
Скопје – Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова ќе се обрати на свеченото одбележување на јубилејот 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа на библиотеката во слободна Македонија со заповед на Поверенството за народна просвета на Президиумот на АСНОМ на 23 ноември 1944 година. (НУБ „Св. Климент Охридски“/ 12:00)
Белград – По повод Меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, министерот за земјоделство, шумарство и водостапнство, Цветан Трипуновски ќе даде изјава за медиумите. (пред македонскиот штанд/ 11:00)
Битола – Иницијативниот одбор за реформи во ЛДП организира трибина со наслов: „Каде оди ЛДП?“ (НУ Завод и Музеј – Битола/ 12:00)
Скопје - Прес-конференција на Коалицијата ВЛЕН. (простории на Алтернатива, Т.Ц. Мавровка/11:00)
Битола – Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ - Битола организира уметничка акција за родова еднаквост: „Конзулката од Битола - битолското чупе како глас за родова еднаквост“. (на почетокот на Градскиот пар, отспротива од спортската сала „Боро Чурлевски“/ 12:30)
Скопје – Настан по повод 10 години Македонска АРХитектура (МАРХ). (Public Room/ 18:00)
Скопје – Прес-конференција на приватни превозници во Град Скопје. (Транспортен центар/ 13:00)
Скопје – Изведба на Црната комедија „Бардо Тодор“ од авторот Сашо Кокаланов, во режија на Сашо Миленковски. (МКЦ, во Денсинг сала/ 20:00)
Скопје – Во рамките на „Месец на Пучини“ ќе биде изведена операта „Тоска“ од Џакомо Пучини. (Национална опера и балет/ 20:00)
Скопје – Промоција на деби-албумот на македонскиот кантавтор и мултиинструменталист Иван Кукиќ насловен „Sunday vibes“. (во „АудиоКултура“/ 13:00)
Велес – Авторски концерт на македонскиот композитор и диригент Владимир Николов. (во театарот „Јордана Хаџи Константинов – Џинот“/ 20:00)
Скопје – Работилница за современ танц со Саша Ефтиомова во рамки на манифестацијата „Инкубатор – платформа за млади уметници“.
Самобор – Рацинов ден „Бели мугри“ по повод 85 годишнината од издавањето на збирката поезија од Кочо Рацин „Бели Мугри“.
Скопје – Здружението за еднакви можности Мрежа Стела организира настан за донација на книги во рамки на својата иницијатива „Сподели Авторка“. (Лабораториум/ 12:00)
Скопје – Отворање на самостојната изложба на фотографии „Постоиш ли Алиса?“ на авторката Јелена Белиќ. (Музеј на Македонија/ 13:30)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***